Ракометарите на Борец го загубија и вториот натпревар во Првата ракометна лига група А. Во рамките на третото коло, беа поразени на домашен терен од екипата на Младост од Богданци со резултат 22:26 полувреме 7:14.
Гостите од Богданци од првата, па се до последната минута беа во водство. Само во првите девет минути се играше гол за гол до резултат 4:4. Потоа следуваше голем пад во играта кај домаќините што резултираше со голем број технички грешки, и одбранети удари на гостинскиот голман Паунков. На полувреме се отиде со висока предност за гостите од седум голови.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел домаќините немаа сила да се спротистават на поквалитетниот тим од Богданци, иако на моменти можеа значително да го намалат водството на противникот. Најефикасен на натпреварот беше Михајловиќ со осум погодоци, а Караиванов постигна шест. Кај домашните светла точка беа голманите кои собраа 15 одбрани, а Ристов и Андовски постигнаа пет погодоци.
Можеби ќе ве интересира: