Полицијата приведе двајца велешани – кинеле изборни плакати

Велешката полиција приведе двајца велешани, кои кинеле плакати на кандидат за градоначлалник на Општина Велес. Двајцата биле забележани како уништуваат рекламен материјал завчеравечер, а полицијата ги уапсила во месноста Дворови, околу 22:40 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 05.10.2021 околу 22.40 часот на ул. „Ѓоре Органџиев“ во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н.(25) и Љ.П.(34), двајцата од Велес, затоа што биле забележани додека кинеле плакати на кандидат за градоначалник на Велес“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: