Кандидатот за градоналник на Велес од редовите на владејачката СДСМ, Ненад Коциќ во свое видео обраќање до јавноста, посено до помладата популација, вели дека приоритети во неговата програма за претстојните локални избори е намалување на невработеноста на младите до 0%, за сите оние млади кои што бараат работа, и намалување на вкупната невработеност во градот под 10%.
Содржината продолжува под рекламата
Коциќ, во својот четири годишен мандат ветува и поддршка за малите бизниси преку целосно ослободување од данокот кон општината првите две години, како и поддршка на велешките компании и развој на вечешкото стопанство се со цел подигнување на стандардот и квалитетот на живеење во градот.
Содржината продолжува под рекламата
Локалните избори се закажани на 17 октомври, наредна недела. Против кандидати на Ненад Коциќ, се и Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Арсов од ЛЕВИЦА, како и Семир Алимов од Бошњачки Демократски сојуз.
Moжеби ќе ве интересира: