Љутков: Прозивката на Гајдов е беден напад полн со невистини!

Носителот на листата за советници на ВМРО ДПМНЕ за Велес, Зоран Љутков доцна вечерва одговори на прозивките од СДСМ, искажани денеска преку кандидатот за советник Кирил Гајдов, да одговори дали е точно дека пред еден месец го сменил местото на живеење од Скопје во Велес. Ваквите прозивки Љутков го оцени како беден напад полн со невистини кон него и неговото семејство. Според него, СДСМ бил исплашен од вчерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и од, како што рече, поразот за шест дена.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Јас сум велешанец, вработен во Скопје, а мојата сопруга е скопјанка вработена во театарот во Велес. Господине Гајдов, сте размислувале ли да поработите нешто друго освен советник? Како човек кој осум години како советник зема плата од градската каса, треба да сте информорани добро во Велес кој каде е вработен, а децата си се грижа на родителите. Како возрасен човек и политичар, би требало да знаете дека мешањето на децата во политичка кампања е строго забрането и за овој беден чин на ниска политичка култура ќе бидат известени набљудувачките мисии на ОБСЕ и ОДИХР и дипломатските претставништва кои го мониторираат изборниот процес“, рече Љутков.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Тој го нападна својот опонент од кандидатската листа Марјанчо Николов дека вршел високи државни функции во Скопје, од кои велешани не виделе никаков бенефит и дека 15 години му се чувало работното место во ЈКП  Дервен.

Содржината продолжува под рекламата

„Јас сум глумец, артист, актер, уметник, но пред се професионалец, кој работел и живеел и во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Штип и во сите театри во Македонија и во регионот, со телевизиски и филмски улоги и награди за кои ќе ви треба да си земете слободен ден од кампањата да ги доброите. Македонија е мојот дом“, рече Љутков.

Можеби ќе ве интересира

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: