Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Содржината продолжува под рекламата
„Вчера (11.10.2021) во периодот од 13.00 до 19.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, сооптија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: