Две жени на возраст од 74 и 86 години починаа во велешката болница како последица од коронавирусот. 74-годишната жена била лекувана три дена на Инфективното одделение, а 84-годишната паациентка била девет дена исто така на Инфективното одделение.
Во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 60 пациенти, од кои 41 пациент се потврдени позитивни, осум се сомнителни и 11 пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 28 пациенти.
На одделенијата во велешката болница во моментов има на Инфективно 30, во Модуларната болница 20, и на Интерното одделение десет пациенти, испишани се 3 пациенти како оздравени со по 1 негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: