Уште две лица починаа во велешкиот ковид центар. 71 годишен маж кој се лекувал во Модуларната болница 15 дена, и 66 годишна пациентка која се лекувала во Модуларната болница еден ден, се нови жртви на ковид-19.
Во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 59 пациенти, од кои 43 пациент се потврдени позитивни, седум се сомнителни на вирусот и девет пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 28 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се хоспитализирани 30 пациенти, во Модуларната болница 19 и на интерното одделение се лекуваат 10 пациенти со ковид-19. Во последните 24 часа се испишани четири пациенти со еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: