Не престануваат донациите од велешките фирми за здравствените работници. Земјоделската компанија Уни Агро донираше сто скафандери за вработените во велешката болница.
Овие скафандери се изработени од квалитетен материјал „кепер“ и имаат сертификат за сто перења на вриење. Чинат околу 100 илјади денари, а специјално за оваа намена, ги сошила македонска конфекција.
„Компанијата Уни Агро, како општествено одговорна компанија, поттикната од моменталната ситуација со коронавирусот одлучи да донира 100 специјализирани скафандери за повеќекратна употреба на здравствените работници од болницата во Велес“, рече Дарко Стојанов, сопственик на Уни Агро.
Вчера слична донација имаше и од компанијата за медицинска опрема Ронтис, чиј административен персонал рачно изработи 500 визир-маски, кои ги предаде на велешките здравствени работници.