Кошаркарите на Борец Баскет беа високо празени на гостувањето во Скопје кај екипата на Чаир 2030 во рамките на второто коло од Втората кошаркарска лига со резултат 84:55.
Кошаркарите на Борец Баскет му парираа на домаќинот само во првата четвртина кога и имаа и водство. Но при крајот на четвртина домаќините изедначаија, а потоа резултатот го свртија во своја корист, и разликата константно растеше. Во одбраната се немаше решение за високиот Дујковиќ, удвојувањето водеше до отворени шутеви за три поени кои домаќините ги реализираа.
Наредното коло кошаркарите на Борец Баскет одново гостуваат , кај екипата на Медика Карта која во првото коло забележа победа над БаскеТ Кам.
Можеби ќе ве интересира: