Реклама

Целосно преброени гласовите во 67 општини

430626-dik-potvrdite-za-neosuduvanost-da-bidat-izdadeni-navreme

Завршено е броењето во 64 општини во земјава, a 100 проценти од податоците се обработени во Градско, Дојран, Росоман, Лозово, Центар Жупа, Богданци, Пласица и Чешиново-Облешево, Арачиново, Битола, Берово, додека во Скопје и скопските општини остануваат уште непроброени гласови.

Zito akcija 640x289px

Според интернет апликацијата на ДИК, втор круг сигурно ќе има во:

Agria

Лозово, Бутел, Росоман, Битола, Боговиње, Арачиново, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Маврово, Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Охрид, Ново Село, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ вчера славеше во Велес. Нивниот кандидат за градоначалник Марко Колев прогласи победа во првиот круг над својот најголем претендент, кандидатот на СДСМ д-р Ненад Коциќ.

„Разликата е огромна. Од ова место прогласувам победа во првиот круг. Сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа и учествуваа во кампањата. Времето не не послужи, но љубовта и желбата за просперитетен Велес, за Велес кој го сакаме успеа. Сакам да порачам дека на митинзите и настапите зборувам многу јавно и отворено. Не омаловажуваа, ни го деградираа образованието, ни ја деградираа работата, но издржавме машки. Е, сега ќе ви покажеме како се работи за Велес. Како се работат проекти и како се мисли на велешани. Упатувам апел за смирување на страстите во Велес. Велес мора да оди напред, Велес мора да фати чекорот со другите градови околу нас, затоа што Велес е срцето на Македонија“, изјави Колев пред присутните на прославата на победата.

Можеби ќе ве интересира: