Во последниот натпревар од првото коло на одбојкарското првенство на Македонија, Борец на домашен терен ја совлада екипата на Весна Пробиштип со 3:1, и со тоа ги потврди аспирациите во оваа сезона, влез во плеј офот.
На останатите натпревари Шкендија и Јанта волеј очекувано славеа над Дибра волеј и над Македонија Џио без да загубат сет, а Лирија со пресврт го изненади Вардар, кој не ја искористи предноста на својот терен за да го потврди фаворитскиот статус базиран на богатото клупско реноме.
Содржината продолжува под рекламата
Универзитет во Тетово, кој во оваа сезона влезе со вицешампионки предзнак, немаше проблеми со Штип УГД. Бранителот на тронот, тимот на Струмица 47 & 72 беше слободен во првото коло од натпреварувачката 2021/22.
Можеби ќе ве интересира: