ДИК ги корегираше резултатите во Горно Оризари, промени на соодносот во освоени советници нема

Велес од дрон
Велес од дрон

Државната изборна комисија утрово ги корегираше резултатите од гласањето за листите за членови на Советот на Општина Велес, на избирачкото место 2209, кое се наоѓа во велешко Горно Оризари, па сега СДСМ има 134 гласови помалку, односно вкупно 7271, наместо 7405, колку што беше првично објавено. Корекции има и кај останатите партии, а најголеми се кај Бошњачкиот демократски сојуз, кој на ова гласачко место доби 308 гласови повеќе од првично објавените.

Zito akcija 640x289px

На ВМРО ДПМНЕ му се додадени седум гласови плус, па сега во вкупниот збир на листата за советници, оваа партија освои 10.736. Корекции има и кај ЛДП и ДОМ, на кои им се одземени 37 гласови, Левица има плус четири гласови, а корегирани се и гласовите на ДУИ, на кого му се одземени 76 гласови.

Вчера на ова до нашата редакција реагираше и кандидатот за градоначалник на Велес од Бошњачкиот демократски сојуз Семир Алимов, кој тврдеше дека на ова избирачко место, на неговата партија и се одземени сите освоени гласови и се распоредени помеѓу ДУИ и СДСМ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И покрај овие корекции, промена на соодносот на избраните советници нема, па засега ВМРО ДПМНЕ има 11, СДСМ 8, Левица 3 и ДУИ 1 советник. Сепак, ова се првични неофицијални резултати, а роковите за жалби се уште течат, па не се исклучени промени во вкупниот број гласови, кои можат да направат и нова прераспределба на советничките места. Најблиску се СДСМ и ДУИ, чии коефициенти на последните нивни советници кои влегуваат во Советот, според Донтовиот модел, се многу блиску, па евентуална нова корекција над 50 гласови надолу кај ДУИ, ќе му донесе уште еден советник на ВМРО ДПМНЕ.

Содржината продолжува под рекламата

Претходно објавивме дека новиот состав на Советот на Општина Велес ќе изгледа вака:

ВМРО ДПМНЕ:
Зоран Љутков, Коста Нојков, Весна Атанасова, Нада Јованова, Дејан Палашев, Кирил Лазов, Драган Димески, Игор Стојанов, Менка Андреева, Елизабета Митревска Ангелеска, Даниел Јаневски.

СДСМ:
Марјанчо Николов, Катерина Ефремова, Тодор Јаковлевски, Милица Ристовска Темелковска, Кирил Гајдов, Ружица Петрушевска-Николовска, Менсур Бачевац, Пандорка Прличкова.

Левица:
Димитар Абрашев, Игор Смилев, Маргица Урумова.

ДУИ:
Невзат Муаремовски.

Бидејќи Советот на Општина Велес има 23 советници, ниту една партија нема обезбедено мнозинство од најмалку 12 советници, што значи дека за тоа ќе решаваат советниците на Левица, но и советникот на ДУИ. Доколку сака ВМРО ДПМНЕ да има превласт, потребна му е коалиција и најмалку еден советник кој ќе ја поддржува. Доколку СДСМ сака да има мнозинство во Советот, ќе мора да се договори за коалиција и со Левица и со ДУИ.

Изборите за градоначалник во Велес завршија во првиот круг, откако нов градоначалник на Велес стана Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ, кој освои 12.380 гласови или 51,6% од вкупниот број на гласачите кои гласале во Велес. Ненад Коциќ од СДСМ освои 7.789 гласови, Златко Арсов од Левица 2.314 гласови и Семир Алимов од Бошњачкиот демократски сојуз има 505 гласови. На овие локални избори беше забележана рекордно ниска излезност во Велес, која изнесуваше само 52,28%.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: