Женската А репрезентација на Македонија ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година. Нашата селекција на 21. Октомври гостува во Рига против Летонија, а на 26. Октомври на домашен терен во Охрид, ја пречекуваме репрезентацијата на Луксембург.
Селекторот, Кирил Изов за квалификациските дуели ги повика и две фудбалерки на Борец, Теодора Ѓорѓиевска и Елма Шемсовиќ. Македонската селекција е во групата „Д“ со Англија, Австрија, Северна Ирска, Луксембург и Летонија.
Содржината продолжува под рекламата
Во истовреме и женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 20 до 26 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Белоусија за пласман во Елитна фаза. Нашите млади фудбалерки се наоѓаат во група со Фарски Острови, Белорусија и Кипар.
Во составот на селекторот Астрит Мерко, се најдоа и две фудбалерки на Борец, Александра Јовановска и Сања Перчинковска. Повикот е награда за досегашниот труд и успех, но и голем исчекор во нивните кариери.
Можеби ќе ве интересира: