Голем број оздравени велешани од ковид-19 во последното деноноќие, еден пациент е починат

Veles Malo movce Oktomvri 2021
Veles Malo movce Oktomvri 2021

Голем број на оздраевни велешани регистрира Министерството за здравство во ковид статистиката. Дури 58 оздравени велешани се регистрирани денес, 18 велешани се регистрирани како новозаразени, а еден велешанец е починат, но не се знае на која возраст бидејќи е регистриран во Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин. Бројот на активни случаи се намали на 271.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен  – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје (89г, 81г, 79г, 79г, 79г, 76г, 70г, 70г, и 61г), 3 починати лица од Куманово (74г, 74 г и 60г) и по едно починато лице од Валандово (83г), Кичево ( 63г) и Прилеп (59г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: