Македонската репрезентација до 19 години забележа убедлива победа против Фарски Острови во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир што се игра во Белорусија.
Во составот на репрезентацијата се наоѓаат и две фудбалерки на Борец, Јовановска и Перчинковска. Само Александра Јовановска доби шанса да заигра на овој натпревар, и тоа во последните моменти од натпреварот кога влезе како резерва на местото на стрелецот на првиот гол Теодора Николовска. Сања Перчинковска го следеше натпреварот од клупата за резервни играчи.
Содржината продолжува под рекламата
Нашите млади фудбалерки одиграа одлично и заслужено славеа со 3:0. Николовска во 33. минута го постигна водечкиот погодок за Македонија. Нашата предност ја зголеми Божиновска во 74. минута. Конечните 3:0 ги постави Мојсоска од пенал во 87. минута.
Содржината продолжува под рекламата
Следниот натпревар во групата е на 23. октомври во 18.00 часот против домаќинот на турнирот Белорусија, кој во првиот натпревар ја совлада репрезентацијата на Кипар со 6:0.
Можеби ќе ве интересира: