Во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 59 пациенти, од кои 47 пациент се потврдени позитивни, четири пациенти се сомнителни на вирусот и осум пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти.
На инфективното одделение се хоспитализирани 28 пациенти, во Модуларната болница 23 и на интерното одделение се лекуваат осум пациенти со ковид-19.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа од велешкиот ковид центар испишани се шест пациенти со по еден негативен тест, исто така извршен е транспорт на 66 годишна пациентка на Инфективна клиника Скопје.
Можеби ќе ве интересира: