Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 32 случаи на коронавирусот, а во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 59 пациенти, од кои 47 пациент се потврдени позитивни, четири пациенти се сомнителни на вирусот и осум пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти во велешката болница.
Инаку, во изминатите 24 часа ширум земјава се регистрирани 490 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје се 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.
Регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe 201 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 3008, Куманово 481 и Велес 294. Над 200 активни случаи имаат и Прилеп 236, Охрид 203 и Штип 202.
Можеби ќе ве интересира: