Женската А репрезентација на Македонија ја забележа првата победа од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023 година. Македонија славеше со убедливи 4:1 над аутсајдерот во групата, селекцијата на Летонија.
Дел од репрезентацијата се и две фудбалерки на Борец, Елма Шемсовиќ и Теодора Ѓорѓиевска. Шемсовиќ беше во почетниот состав и го одигра целиот натпревар, додека Ѓоргиевска го следеше натпреварот од клупата за резервни играчи.
Содржината продолжува под рекламата
Македонија со оваа победа сега дојде на четвртото место во квалификациската група со три бода од три меча, откако во претходните два загуби убедливо без даден гол и со 14 примени погодоци. Англија нѐ победи со 8-0, а потоа Австрија во Скопје славеше со 6-0. Следен меч на женската селекција е за пет дена против Луксембург на домашен терен од 13.30 часот.
Можеби ќе ве интересира: