Добро е што државата се обидува да набави јаглен за РЕК Битола, коментира за Фактор Кочо Анѓушев, сопственик на „Фероинвест“ и поранешен вицепремиер за економски прашања. Самиот е еден од поголемите познавачи во енергетиката, а за Фактор вели дека ситуацијата со снабдување со струја во светот, а пред се во Европа, е многу сериозна. Последиците за Македонија не можат да се предвидат, како што сосем е неизвесно и како ќе се реши ситуациајата на глобалниот пазар. Очекува сепак сигурно поскапување на електричната енергија во земјава во следниот период, иако, според неговите прогнози, можно е берзанските цени и да се намалуваат во следниот период, никогаш до ниво од пред кризата.
„Македонија е мала и небитна. Сериозна е ситуацијата во светот, односно во Европа. Македонија ниту може да влијае негативно, ниту позитивно, туку едноставно ќе ја дели судбината на цела Европа, и тоа се последиците кои ќе ги дели и Македонија. А последиците се знае кои се, ќе се зголеми цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија сега се држи заради тоа што ЕСМ дава евтина енергија во системот, ама тоа не може да биде неограничено. Значи, со тек на време, а кога не знам, струјата ќе мора да поскапи. Следно е дека индустријата ќе мора да плаќа поскапа енергија бидејќи е на слободниот пазар. Таа цена ќе се вкалкулира во секој производ, зависи со колкав процент во кој производ учествува струјата, некаде е 40 отсто, некаде е пет отсто. Тоа нормално ќе влијае врз цените на крајните производи, вели Анѓушев во разговор за Фактор.
Содржината продолжува под рекламата
На прашањето зошто и во негово време им беше наложено на државните Електрани (ЕСМ) да ја продава струјата по пониска цена, вели, не можело ништо да се предвиди во тој момент кога берзанската цена беше пониска. Објаснува декса никој не знаел ниту дека ќе има пандемија, ниту дека ќе победат Зелените во Германија, па ќе треба да се затворат сите рудници.
Содржината продолжува под рекламата
„Точно е дека тоа се правело на политичка основа за да се обезбеди социјален мир. Тоа сите го знаат. Зошто ЕСМ би давале цена по 35 или 38 евра, ако истата таа струја можеше да ја продаде на берза по 200 евра. Сега оваа државна компанија ќе беше најбогата, но тогаш вие дома ќе плаќавте наместо 2.000 денари за струја, по 15 до 16 илјади денари“, вели Анѓушев, додавајќи дека ако властите би носеле такви непопуларни одлуки, ќе ги губат изборите.
Нагласува дека секогаш се залагал за пазарна економија и велел дека така не треба да се постапува, но се согласува дека мора да се води сметка и за социјалната компонента.
Според поранешниот вицепремиер, добро е што државата се обидува да купи јаглен, за да се зголеми производството во РЕК Битола, со што преку оваа централа која е најголем снабдувач во земјава, ќе се зголеми понудата на струја. Сепак, вчера попладнето стана јасно дека на отворениот повик на ЕСМ ниту една компанија не достави понуда за бараните количини.
Целото интервју на бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев можете да го прочитате тука.
Извор на веста: faktor.mk
Moжеби ќе ве интересира: