Во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 57 пациенти или двајца повеќе од вчера, од кои 47 пациенти се потврдени позитивни, тројца пациенти се сомнителни на вирусот и пет пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 27 пациенти.
За жал во последното деноноќие во велешката болница починат е пациент на 62 годишна возраст, од Велес.
На инфективното одделение се хоспитализирани 27 пациенти, во Модуларната болница 24, и на интерното одделение се лекуваат четири пациенти со ковид-19.
Во изминатите 24 часа се испишани се 3 пациенти како оздравени со по 1 негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: