Орбан обвини дека Вашингтон и Брисел се мешаат во унгарските внатрешни работи

Viktor Orban
Viktor Orban

Унгарскиот премиерот Виктор Орбан, кого го очекуваат парламентарни избори во април следната година, ги обвини Брисел и Вашингтон дека се мешаат во унгарската политика. Орбан, зборувајќи пред десетици илјади поддржувачи на митинг во Будимпешта, рече дека Вашингтон и милијардерот Џорџ Сорос пробуваат да ја донесат на власт унгарската левичарска опозиција, помагајќи ја со пари, медиуми и мрежи.

Zito akcija 640x289px

„Но, не е важно што сакаат тие во Брисел, во Вашингтон и во медиумите оркестрирани од странство. Унгарците сами ќе си ја одредат судбината“, кажа Орбан.

Agria

Зборувајќи за неговата поддршка за Полска, Орбан рече дека „ЕУ зборува и се однесува кон нас и Полјаците како да сме непријатели“.

Потоа, тој и директно ги нападна функционерите на ЕУ.

„Високите европски претставници сакаат со сила да ги направат Унгарците Европјани, либерали и да ни кажуваат како да живееме. Но, кога станува збор за одбрана на домот, семејството, културата и слободата во секојдневниот живот, секој мора да даде придонес. Кога ќе дојде моментот, застанете пред вашите домови и бранете ги“, вели Орбан.

На два километра од митингот на Орбан, илјадници граѓани се собраа да дадат поддршка на опозицијата. За првпат откако дојде на власт во 2010 година, Орбан ќе се соочи со обединета опозиција, сочинета од шест партии, вклучувајќи ги левичарите, либералите и поранешната десничарска партија Јобик.

Лидерот на опозициската коалиција Петер Марки-Зај најави дека ако победат на изборите, ќе донесат нов устав, ќе ја исчистат корупцијата, ќе го воведат еврото и ќе гарантираат слобода на медиумите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: