Јане Николовски со поразз апочна на кормилото на велешки Борец. Денес на стадионот „Зоран Паунов“ Борец беше поразен од екипата на Академија Пандев со 1:2, полувреме 0:1.
Гостите од Струмица подобро го отвориј натпреварот, ја имаа играта во свои нозе. Но сепак првата шанса за гол ја имаше Борец кога Стојменовски по еден корнер ја затресе само стативата. По половина час игра „пандевци“ пронајдоа пат до мрежата и го отворија резултатот. Мирчевски се најде на вистинското место за да погоди за почетни 0:1.
Содржината продолжува под рекламата
Вториот дел велешани го започнаа поагресивно, па како резултат на тоа во 64 минута по нафрлена топка од Лука Трајковски, на вистинското место се најде Крста Ѓорѓевиќ и го израмни резултатот на 1:1.
Содржината продолжува под рекламата
Кога сите очекуваа реми, на сцена стапи Николче Шаркоски и со прекрасна соло акција стави точка на натпреварот (1-2). Биеше со левата нога и бурно го прослави голот со соиграчите од клупата за резерви.
Ова е четврти позараз во последните пет натпревари за Борец. Во следното коло Борец одново е домаќин овојпат на екипата на Работнички.
Можеби ќе ве интересира: