Ракометарите на Борец се израдуваа на првата победа во Првата ракометна лига -Група А. Вчера во рамките на шестото коло во Ресен ја совладаа екипата на Преспа со резултат 24:21, полувреме 12:10.
Уште од самиот старт велешани го имаа водството, и само поради техничките грешки и промашувањата не успеаа да се одлепат. Тоа го користеа домаќините кои цело време како да им дишеа во врат на велешани, па резултатот го одржуваа на пристојни минус два до три гола.
Содржината продолжува под рекламата
И во вториот дел се играше како во првиот дел, велешани ја одржуваа предноста од еден до два гола разлика. Во последните пет минути влегоа со три гола позитива, која успеаја да ја зачуваат до крајот на натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни во Борец со по пет гола беа Јован Атанасовски и Антониј Андовски. Во екипата на Преспа најефикасни беа Николче Даскаловски и Теодор Христовски со по шест гола. Наредната недела велешани го пречекуваат Работнички кој се наоѓа на петтото место со три победи и два пораза.
Можеби ќе ве интересира: