Две физички пресметки регистрирал Секторот за Внатрешни работи Велес во последните 24 часа. Лишени се од слобода четворица велешани, откако во физичка пресметка употребиле остар предмет со кој повредиле едно лице.
“На 26.10.2021 околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода И.А.(24), Ѓ.Ш.(28), Б.Х.(24) и Б.Д.(20), сите од Велес, затоа што околу 01.30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во домот на И.А. и Ѓ.Ш., при што И.А. со остар предмет му нанел убодни рани на Е.У. Според пријавеното,
на настанот му претходела физичка пресметка помеѓу И.А. и Б.Х. на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Велес. Повредениот бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава”
Содржината продолжува под рекламата
Втората физичка пресметка се случила во двор од едно средно училиште помеѓу три малолетници од нас.Чашка, од една страна и двајца малолетници од с.Извор и с.Оморани, од друга страна.
Содржината продолжува под рекламата
„На 25.10.2021 околу 13.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во двор на средно училиште во Велес, по кратка расправија, настанал физичка пресемeтка помеѓу три малолетници од нас.Чашка, од една страна и двајца малолетници од с.Извор и с.Оморани, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде
поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: