Женската репрезентација до 19 години со триумф против Кипар, Јовановска одигра цело полувреме

Zenska fudbalaska do 19 godini
Zenska fudbalaska do 19 godini

Македонската женска репрезентација до 19 години со триумф против Кипар од 4:2 го заврши квалификацискиот турнир во Белорусија за пласман во А квалификациската група за ЕП.

Zito akcija 640x289px

Нашата млада женска селекција со две победи (Фарски Острови и Кипар) и пораз (Белорусија) заврши на второто место во групата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во составот на репрезентацијата се наоѓаат и две фудбалерки на Борец, Јовановска и Перчинковска. Само Александра Јовановска доби шанса да заигра на овој натпревар.Таа ги одигра вторите 45 минути откако ја замени Едина Сулејмани. Сања Перчинковска го следеше натпреварот од клупата за резервни играчи.

Содржината продолжува под рекламата

Македонската селекција на денешниот натпревар имаше негатива од два гола. Кириакиди и Замани во 21 и 24. минута донесоа предност за Кипар, но потоа следуваше целосен пресврт во наша корист. Николовска во 35. минута намали на 1:2, а во второто полувреме Викторија Недева со два гола донесе водство на Македонија од 3:2.  Велкова ги постави конечните 4:2 во последната минута од натпреварот.  Белорусија заврши како првопласирана во нашата група со максимален учинок. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: