Гласачките ливчиња без печат ќе се сметаат за важечки

Lokalni izbori 2021
Lokalni izbori 2021

Државната изборна комисија вчера на седница донела одлука за измена на уптаството за важечки и неважечки ливчиња која е целосно спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик.

Zito akcija 640x289px

Со овие измени, важечкото гласачко ливче ќе се брои и без печат ако ги исполнува сите останати услови според Изборниот законик, односно ако се заокружи редниот број пред носителот на листата или пред кандидатот и каде може да се потврди изборот на избирачот. За неважечко ливче ќе се смета кога неправилно заокружено или се заокружени повеќе опции.

Agria

Членовите на ДИК при носењето на упатството се повикале на членовите 110 и 115 од Изборниот законик  во кои се наведува дека изборното ливче е важечко доколку „на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал“.

На 31-ви се одржува вториот круг од седмите локални избори во земјава.

ДИК утре ќе ги дистрибуира гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за вториот круг од Локалните избори до Општинските изборни комисии, а во петок ќе се доставуваат терминалите за отпечатоци од прсти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: