Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на граничниот премин Богородица ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента.Пренасочувањето на сообраќајот ке трае во следните 3(три) дена.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Содржината продолжува под рекламата
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Mожеби ќе ве интересира: