Повреден полицаец со остар предмет

СВР Велес информираше дека вчера во околу 22:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода 23-годишниот Д.Б. од Кавадарци, затоа што физички, со употреба на остар предмет, нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Zito akcija 640x289px

“На 28.10.2021 околу 22.30 часот на ул.„Кузман Јосифовски – Питу“ во Кавадарци, Д.Б.(23) од Кавадарци физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што со остар предмет повредил еден од нив”, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: