Велешката болница се корегира – починатата немала 23, туку 36 години

Bolnica Oktomvri 2021

Велешката болница направи техничка грешка кога утрово испрати соопштение до медиумите, во кое напиша дека од ковид-19 починала 23 годишна девојка од село Иванковци. Пред малку, до медиумите стигна нов емаил, во кој од болницата известуваат дека девојката имала 36, а не 23 години и се извинија поради грешката.

Zito akcija 640x289px

Немаме причина да не веруваме во вистинитоста на содржината на соопштенијата, кои секојдневно ни ги испраќаат од болницата, па затоа и нема причина да ги проверуваме, пред да ги објавиме. Грешки, како оваа се прават, бидејќи оној кој работи, може и да згреши. Сепак, најважно е грешката да биде исправена, како во овој случај.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од името на нашата редакција, но и од името на болницата, Ви се извинуваме за грешката, која се случи при објавување на веста.

Содржината продолжува под рекламата

Како потврда дека нашата редакција нема никаква вина за настанатата грешка, во прилог објавуваме фотографии од двата емаила, кои ни стигнаа од болницата утрово.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24788/la-familia-liquor-gift-shop-so-nova-investiczija-veleshkiot-brend-ja-otvori-svojata-treta-po-red-prodavnicza/