(ВИДЕО) Нов пораз на фудбалерите на Борец

Borec

Ниту тренерската смена на клупата на Борец не донесе резултат. На стадионот „Зоран Паунов“ денес Борец беше поразен од Работнички со 0:1. Стрелец на голот беше младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски.

Zito akcija 640x289px

Велешани денес беа подобар противник и заслужија да победат, но спортската среќа им го сврти грбот. Од самиот страт на натпреварот тргнаа офанзивно, додека гостите од Скопје ја чекаа својата шанса од контрите, но сепак мрежите на полувреме мируваа.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И вториот дел велешани го започнаа офанзивно. Огромна шанса за гол пропушти Лука Трајковски во 54 минута кога биеше високо над пречката. И кога се очекуваше Борец да реализира некоја од шансите, Работнички преку Тодоровски во 63 минута постигна гол. До самиот крај јалови беа нападите на домаќините.

Содржината продолжува под рекламата

Велешани последен пат победија на 12 септември против Пелистер, оттогаш трае црната серија во кој на шест натпревари освоија само еден бод. Дебармаалци со оваа победа ја прекинаа нивната црна серија од четири порази по ред.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: