Поради градежни зафати пренасочен сообраќајот кај клучката Градско

Rabota na pat
Rabota na pat

Поради изведување градежни работи на експресниот пат од Градско до Дреново, поточно кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 ќе се одвива со девијации, односно пренасочување. Пренасочувањето на сообраќајот е предвидено да трае во наредните четири дена.

Zito akcija 640x289px

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: