Бензините поскапуваат за половина денар, додека дизелот поевтинува за толку, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Од ноќеска на полноќ, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 77 денари за литар, додека моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се родава 79 денари за литар.
Литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 68 денари, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 67,5 денари за литар. Мазутот М-1 НС пак ќе биде 42,135 денари за килограм.
Содржината продолжува под рекламата
„Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 отсто, кај дизелот има намалување за 0,461 проценти, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,838 проценти . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 отсто, стои во соопштението.
Можеби ќе ве интересира: