Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови и проследени со засилен јужен ветер особено во Повардарието. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.
Moжеби ќе ве интересира: