Реклама

Тргнал во болница по починатата мајка – ја пронашол жива (ВИДЕО)

Од болницата му кажале дека мајка му починала, па кочанчанецот Благојче Дончев почнал да организира погреб. Како што објави ТВ 24 тој се јавил на блиските роднини и  погребен оператор, од каде закажале во црква и испечатиле некролози, но кога тој заедно со операторот дошол да го земе телото  открил дека мајка му е жива и лежи на интерното одделение.

Zito akcija 640x289px

“Доаѓам овде, пред Брза помош, ни велат за два часа ќе ја симнеме доле. Не може сега да ја земете. По два часа ми се јавува пријателот и ми вели да одиме да ја земеме мајка ми од болница. Одиме таму ниту знаат каде е, ниту на кое одделение ниту ништо. Ја баравме насекаде, за да на крај ми речат мајка ти е жива, не е почината” вели Благојчо Дончев

Agria

Неговата 58 годишна мајка има прележано два мозочни удари и откако повторно и се слошило пред два дена со Брза помош била однесена во кочанската болница. Вели дека оние што му ја соопштиле веста му рекле и кој погребен оператор да го повика, но тој ги одбил и се јавил на  друг. Сопствениците на фирмата за погребни услуги што ги повикал велат дека во оваа битка за починати се делат пари на вработени во болницата кои форсираат одредени оператори. За тоа повеќе пати го известиле и раководството на болницата и полицијата.

Од тие брзања кој кого да повика, за едно јавување колку пари да се земат. Ова не добра работа ниту за луѓето, ниту за здравството, ниту за починатите, ниту пак за нас како конкуренција и оператори”. Рече Силвија Накова, сопственик на погребен оператор

Од кочанската болница велат дека знаат за случајот и по нивната интерна истрага повикана е полицијата, која започнала своја истрага за да утврди кој  се јавил на Дончев и му го превртел животот наопаку.

„ Во тек е истрага за случајот. Претпладнево вработени во болницата се повикани да дадат исказ во полициска станица. Истрагата треба да ги открие виновниците“, вели вели Александар Серафимов, директор на Општа болница Кочани

Дончев очекува разврска и казна за оние кои му ја кажале лажната вест. Тој поради пандемијата со корона вирус не може лично да ја види мајка си за да ја знае нејзината здравствена состојба и сите информации ги добива преку нејзиниот матичен лекар.