Јанкулов и Трајковски не добија повик, Канатларовски го објави списокот за дуелите со Украина и Франција

Makedonija U21 2021

Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација Драги Канатларовски – Цапар вчера го објави списокот на фудбалери за претстојните два меча на надежната селекција со водечките две селекции во групата, Украина и Франција во овие евроквалификации.

Zito akcija 640x289px

Овој пат на списокот ги нема дефанзивецот на Борец , 19-годишниот Георгие Јанкулов и крилниот напаѓач на Борец Лука Трајкоски, иако беа повикувани на претходните четири натпревари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На списокот се најдоа :

ГОЛМАНИ: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимов (Кадино);

ОДБРАНА: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Славе Маркоски (Охрид), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Јован Манев (Брегалница);

СРЕДЕН РЕД: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словенија), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дугопоље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Методи Максимов (Работнички), Флорент Рамадани (Шкендија);

НАПАД: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Емир Скендери (Струга), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија).

Македонија има пет бода од четири меча досега во евроквалификациите, а имаме два домашни мечеви, на 11 ноември на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ со Украина, а на 16 ноември на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје со првиот фаворит во групата Франција.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: