Градоначалникот Колев побара од изведувачот да ја забрза изградбата на пазарот

Градоначалникот на Велес Марко Колев побара изведувачот кој го гради пазарот да побрза со изведбата, за велешани што поскоро да добијат затворен пазар. Колев денеска направи увид на градежните активности на втората фаза од новиот Градски пазар. Се средна со изведувачот на градежните зафати БАУЕР БГ и со надзорниот орган од МБМ Инженеринг.

Zito akcija 640x289px
May be an image of outdoors

„На состанокот се разговараше за текот на работните активности во изградбата на горниот дел на пазарот, но истовремено се укажа и на забрзување на динамиката на работа со цел што поскоро да се изгради пазарот и да се создадат соодветни услови за работа за продавачите на земјоделски и други производи. Од страна на градоначалникот беше укажано да се направи ревидирање на динамиката на работни активности“, велат од Општина Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новиот градски пазар почна да се гради пред седум месеци. Според проектот, градежната парцела опфаќа вкупна површина од 4171.93 м2 од кои 2218.72 м2 површина наменета за продажба на производи. Новиот пазар опфаќа 19 дуќани, дел под отворена настрешница, паркинг простор, санитарии и магацински простор. Неговата изградба требаше да заврши на 15 септември. Но, изведувачот доцни со градежните работи, бидејќи во текот на градежните работи беше оштетен канал при ископот, а се корекции во проектот и летните горештини го одложија финишот на овој капитален проект.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: