СДСМ Велес: Дали градоначалникот Колев и советниците ја прифатија „Северна“?

Општинската организација на СДСМ денеска преку фејсбук го повика градоначалникот на Велес Марко Колев да одговори дали тој и членовите на Советот на Општината го прифатиле името Република Северна Македонија, потпишувајќи свечени заклетви во документ, во кој било напишано уставното име.

Zito akcija 640x289px

„Со потпишувањето на свечената заклетва со која изјавуваат дека ќе го почитуваат Уставот, законите и дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Северна Македонија, поставуваме прашања до Марко Колев и до новите советници на ВМРО-ДПМНЕ: Дали свечената заклетва ја потпишаа со уставното име Република Северна Македонија? Доколку е така, дали чувствуваат грижа и одговорност пред граѓаните на Општина Велес затоа што лажеа дека нема да го прифатат името Република Северна Македонија? Дали Марко Колев и неговата администрација се приклучуваат на ставот на Игор Јанушев и Христијан Мицковски дека Преспанскиот Договор е завршена работа? Граѓаните очекуваат одговори и јасен став по овие прашања од Марко Колев и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во фејсбук статусот на СДСМ Велес.

– Содржината продолжува под рекламата –

Agria

На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Велес, во текстот на заклетвата стоеше уставното име Република Северна Македонија. Додека го повторуваа текстот, советниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица одбија да ја споменат одредницата „Северна“ и заклетвата ја дадоа, споменувајќи го поранешното уставно име, Република Македонија. Членовите на Левица, пак, на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа дека во текстот на заклетвата ја избришале одредницата „Северна“ од името на државата.

– Содржината продолжува под рекламата –

Во меѓувреме, Министерството за локална самоуправа денеска преку соопштение побара од сите единици на локалната самоуправа да го почитуваат Уставот и законите и потенцираат дека нема да се дозволи незаконско работење на советите.

May be an image of text that says 'член на советот општина велес, -согласно член 38, став 2 од законот за локалната самоуправа (.сл.весник на PMбp.5/02) ja дава потпишува оваа заклетва Jac свечено иззавувам дека правата должностите член на советот вршам совесно дека при нивното вршене ke почитувам законот, прописите советот штитам ставниот поредок на република северна македонија" член на советот'

Во соопштението пишува дека според член 51 од од Уставот на Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законот, според што, секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

„Во членот 38 од законот за локална самоуправа задолжителна обврска на членовите на советот е да дадат потпишана свечена изјава согласно содржината утврдена со овој закон. Во содржината на оваа изјава се зборовите Република Македонија, бидејќи не е извршена измена на законот за локана самоуправа и истиот не е усогласен со амандманот од уставот“, велат од Министерството за локална самоуправа.

Меѓутоа, во соопштението се навадува дека, имајки предвид дека Уставот е највисок правен акт во државата, а уставните промени имаат највисоко супериорно правно дејство, односно според член 51 од Уставот, сите закони мора во согласно со Уставот, неспорно е, се вели во соопштението, дека употребата на уставното име на државата во сите прописи и акти на државните органи почнува од денот на влегувањето на сила на уставните амандмани, односно од 12 февруари, 2019 година.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24913/ke-napravi-li-vmro-dpmne-mnozinstvo-vo-veleshkiot-sovet-levicza-najavi-pres-konferenczija-pred-utreshnata-sednicza/