Тројцата советници на Левица во велешкиот општински Совет влегуваат во условна коалиција со ВМРО ДПМНЕ, откако партијата која што ги доби локалните избори во Велес ги прифатила шесте начела кои Левица ги поставила. Советникот Игор Смилев на денешната прес конференција рече дека од ВМРО ДПМНЕ добиле покана за средба, на која им ги презентирале начелата.
Смилев рече дека ќе бараат од ВМРО ДПМНЕ вработувањата во општината да се одвива на огласи на транспарентен начин, каде наместо партиски војници ќе се бираат најквалитетни кадри, а при тоа на прво место да се води сметка за стручноста како и за социјалниот статус и карактеристики на кандидатот, а не за тоа од која партија доаѓа, задолжителен лајв стрим на секоја седница на Советот, укинување на зонското паркирање и решавање на проблемот со недостигот на паркинг места, со изградба на најмалку една катна гаража, спроведување јавни анкети за секој поголем проект во општината, итна постапка за екипирање на општинските инспекциски служби и решавање на проблемот со бездомните кучиња, со изградба на шинтер стационар.
– Содржината продолжува под рекламата –
„Ќе има т.н. малцинско или условно мнозинство, условено искучиво од проекти кои шт оќе бидат од витално и суптинско значење за град Велес и кои што се во фундаменталната програма на Левица. Во следниот четиригодишен состав никој не е сигурен, ниту едно мнозинство не е вечно, брак со ниту еден од двата политички мастадонти нема да има. Сите кои имаат издржани проекти за Велес ќе добијат поддршка од Левица“, рече Смилев.
– Содржината продолжува под рекламата –
Соработката меѓу Левица и ВМРО ДПМНЕ во велешкиот Совет почна денеска, откако со заеднички гласови го избраа Зоран Љутков од ВМРО ДПМНЕ за претседател на Советот на Општина Велес. Освен нив, поддршка за Љутков даде и единствениот советник на ДУИ.
Можеби ќе ве интересира: