Двајца велешани починаа како последица од коронавирусот

Bolnica Veles Oktomvri 2021
Bolnica Veles Oktomvri 2021

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на Ковид-19, од кои во Велес се регистрирани 20 нови заразени.

Zito akcija 640x289px

Ширум земјава состојбата е следна:

Agria

Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по 2, Валандово и по еден заразен во Богданци и Македонски Брод.

Во текот на изминатото деноноќие пријавени се и 7 починати лица: 5 од Скопје (69, 71, 79, 81 и 82 години) и 2 лица од Велес (68 и 69 години). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени три починати лица во периодот од 20 август до 4 ноември 2021. Регистрирани се починати лица од Скопје, Куманово и од Гостивар на возраст од 72 до 83 години, од кои сите се починати во домашни услови.

Во изминатите 24 часа пријавени се 320 оздравени пациенти од: Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по 12, Кочани и Струмица по 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по 2 и по еден оздравен од Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево.

Направените 3.029 теста се преку: ИЈЗ – 267, ЦЈЗ Скопје – 51, ЦЈЗ Битола – 91, ЦЈЗ Прилеп – 50, ЦЈЗ Тетово – 68, ЦЈЗ Куманово – 55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле  -19, Институт за микробиологија – 162, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 64, „Авицена“ – 183, „Биотек“ – 140, „Систина“ – 77, лабораторија „Лаор“ – 88, „Синлаб“ – 12, „Ремедика“ – 15, „Плодност“ – 49, „Генеа“ – 5, „Никоб лаб“ – 299, „ВФВ медикал“ – 27, „Ели медика“ – 51, „Ројал медика“ – 7, „Спектра-ММ“ – 10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.465.

Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552.

Според епидемиолошките анализи во моментот, бројката на заразени пациенти во Велес изнесува вкупно 351 пациент.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: