Фудбалерите на Тиквеш победија на домашниот дуел против Борец со 2-1 (1-1), во рамките на 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Велешани успеаја да поведат во Кавадарци, ама Тиквеш со головите на Николовски од пенал и Христов дојдоа до победата.
Кавадарчани добро го отворија натпреварот, имаа контрола на средината од теренот и диктираа темпо, додека ривалот мудро ја чекаше својата шанса по контри. Првата голема можност ја имаше Иван Ивановски, откако излета сам пред голот на Рниќ, но биеше непрецизно. Казната на спротивната страна стигна преку Енсар Љума, кој во 26. минута донесе предност за велешани. По добра брза транзиција, Николовски нафрли на втората статива, а таму на топката добро налета Љума и ја смести во домашната мрежа.
– Содржината продолжува под рекламата –
По примениот гол Тиквеш тргна поофанзивно, мрежата на Борец се тресеше бргу, ама голот беше поништен поради офсајд. Во финишот на полувремето домаќинот доби во најмала рака спорен пенал. Нгоба и Христов паѓаа еден по друг во шеснаесетникот по благи контакти, а судијата Дејан Јакимовски покажа на белата точка. Сигурен од 11 метри беше Ивановски, за 1-1 во 41. минута.
– Содржината продолжува под рекламата –
Тиквеш стигна до водство само две минути по стартот на второто полувреме. Симеон Христов ја казни заспаноста на гостинската одбрана, па по уфрлување на Каракамишев остана осамен на петерецот и реализираше за 2-1. Во продолжението, Борец се обиде да се врати ама немаше сили за тоа. Во третатат минута од судиското продолжение фудбалерите на Борец бараа пенал по прекршок на нивни фудбалер во шеснаесетникот на Тиквеш, но судијата Јакимовски не се огласи.
Домашната мрежа остана недопрена и Тиквеш прокнижи три бода и сега со десет го надмина Борец кој остана претпоследен на осум.
Можеби ќе ве интересира: