Мобилната единица за безбедност на сообраќајот во рамки на зајакнатата акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционираше 96 возила. Од нив, 21 се движело со брзина од 50 километри на час над дозволената, а три со над 70 километри на час.
Како што соопшти МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Содржината продолжува под рекламата –
Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.
Можеби ќе ве интересира: