Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 48 пациенти, што е за еден пациент помалку од вчерашниот ден. 32 имаат позитивни тестови, тројца пациенти се сомнителени на вирусот, а 13 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 26 пациенти.
На инфективното оддееление се сместени 24 пациент, во Модуларната болница има 17 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на вчерашниот ден еден нов пациент е хоспитализирани поради компликации од ковид-19. Во последните 24 часа испишани е еден пациент со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: