И покрај добрите резултати оваа сезона на фудбалерките на Борец, управата на клубот се реши за промена на тренерската позиција. Тоше Нацев повеќе не е тренер на Борец, неговото место го превзема Небојша Бреџан кој доаѓа од ФК Земун, Република Србија.
Во пресрет на дерби натпреварот против моменталниот лидер на табаелата, екипата на Љуботен клубот потврди две нови засилувања. Станува збор за Миа Велинова и Стефанија Ристова кои доаѓаат од ЖФК Интернационал од Охрид.
Содржината продолжува под рекламата
„Досегашниот тренер Тоше Нацев не е повеќе на клупата на ЖФК Борец. Од следното коло екипата ќе ја предводи Небојша Бреџан, поранешен тренер на ФК Земун од Србија. Покрај нов тренер , на клубот му се приклучија и две фудбалерки од ЖФК Интернационал од Охрид, кои ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот“, соопштија од клубот.
Содржината продолжува под рекламата
Ланскиот дуел меѓу Борец и Љуботен одигран во Велес, предизвика многу контроверзии, кога гостите се жалеа дека по натпреварот биле физички нападнати од членови на управата на клубот. Од ЖФК Борец таквите обвинувања енергично ги демантираа.
Можеби ќе ве интересира: