Нови 119 вработувања во „Брако“ годинава и раст на приходите од 51 отсто

Brako
Brako

Од почетокот на годинава компанијата „Брако“ од Велес вработи 119 лица од кои 84 се на возраст до 40 години. Со отворањето нови работни места, младите од Велес и државава, ја наоѓаат својата перспектива во компаниите кои се дел од Групацијата Фероинвест. Таа брои 1000 вработени од кои 150 се инженери, со што директно се ублажува трендот на иселување и се придонесува во стабилизацијата на економијата.

Zito akcija 640x289px

Групацијата „Фероинвест“ има инвестиционен циклус од 21 милион евра, од кои 8 милиони евра се инвестирани во фабриката „Брако“ со што се одржува динамиката на компаниите и производствениот континуитет.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Некои од нововработените го реализираат и своето прво вработување, започнувајќи да ја градат инженерската кариера токму тука, во некои од производствените програми на компанијата  како што се производство на медицински мебел и медицински помагала, производство на најдобрите чистачи на улици под брендот „Green Machines“. Производствени програми кои отворија нови работни места го вклучуваат и производството на опрема и приклучна механизација за вилушкари, производството на мобилни утоварни рампи, машини за додавање на лимови на ЦНЦ ласери, куќишта за турбини за мали хидроцентрали и жичани производи.

Содржината продолжува под рекламата

Новите проекти и инвестиции ја продолжуваат тенденцијата на отворање нови работни места и тоа во услови на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, кога компаниите се соочуваат и со 10% отсутност на вработените. Овој шок врз производството се надминува и притоа ниту еден работник не е отпуштен од своето работно место.

Приближно 90 проценти од производите се наменети за извоз. Остатокот, како и најразлични услуги е за домашни компании од областа на металопреработувачката индустрија.

извор :https://faktor.mk/

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: