Румен Радев го освои вториот претседателски мандат откако убедливо го победи противкандидатот Анастас Герџиков во денешниот втор круг од изборите во Бугарија. Според излезните анкети, Радев освои 64% од гласовите, со што ја задржа двојната предност од првиот круг.
Вчерашните избори во Бугарија беа четврти во изминатите осум месеци, по три парламентарни, и излезноста беше околу 30%.
По гласањето, Радев ги повика Бугарите на целосна мобилизација „за да не се дозволи минатото да ја минира иднината“. Тој освои 49,42% гласови минатиот викенд, наспроти 22,83% на Герџиков, кој беше поддржан од ГЕРБ на Бојко Борисов.
Moжеби ќе ве интересира: