Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за новите цени на горивата која ќе стапи на сила од полноќ.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари. Еуросупер БС-95 ќе се продава по иста цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира: