Трагедија во Бугарија: Најмалку 45 лица загинаа во запален автобус со македонски таблички, меѓу нив 12 се деца

Nesreka avtobus Bugarija

Јагленисани тела на над 40 лица кои патувале во македонски автобус, и седум преживеани, е епилогот на страотна сообраќајна незгода по која автобусот рано утрово се запалил на бугарската магистрала „Струма“, во реонот на селото Боснек. Според неофицијални информации загинале 45 или 46 патници од вкупно 52, но точната бројка допрва ќе се утврдува.

Zito akcija 640x289px
FOTO: BGNES

Според податоци што македонските власти ги добиле од надлежни институции во Бугарија, автобусот, припаѓал на автобускиот превозник „Беса транс“. Според неофицијални информации, во него имало и македонски и албански државјани.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според Бгнес, меѓу загинатите имало 12 малолетници, меѓу кои и две близначиња. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица – 2 жени и 5 мажи, чија здравстена состојба се смета за стабилна и се сместени во болницата „Пирогов“.

Содржината продолжува под рекламата

Според неофицијални информации, патниците се враќале од Истанбул. Автобусот синоќа по 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево, (на бугарско-турската граница), а сообраќајна незгода се случила утрово околу 3 часот на магистралата „Струма“ во насока Софија – Благоевград.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: