Бугарскиот претседател Радев: Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји

rumen radev
rumen radev

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, му изрази сочувство на македонскиот претседател Стево Пендаровски, за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 46 луѓе.

Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата.

Agria

„Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји”, се наведува во сочуството на бугарскиот претседател Радев.

Шефот на бугарската држава ги повикува одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Младост славеше над Превалец, Големо Коњари шампион на Трета лига - Југ
Облаци и сонце, попладне пороен дожд
Трагедија во Кичево: Со секира ги нападнал родителите – таткото им подлегнал на повредите, мајката е во неконтактибилна состојба