(ВИДЕО) Меѓу загинатите во Бугарија има и велешани, јавија бугарските медиуми

Жители на Велес, Скопје, Струмица и Битола се меѓу жртвите на автобуската несреќа, која утрово се случи на автопатот Струма во Бугарија, јави предмалку ТВ Сител, повикувајќи се на бугарски медиуми. Несреќата се случи околу 3 часот по полноќ, на правецот Софија-Благоевград.

Zito akcija 640x289px

Во неа загинаа најмалку 45 лица, меѓу кои најголем дел се деца и млади лица. Несреќата ја преживеаја седум патници од автобусот кои се хоспитализирани во Пирогов. Автобусот е на туристичката агенција „Беса транс” од Сарај и превезувал патници кои се враќале од екскурзија од Истанбул.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Автобусот во кој патувале 52 лица влегол од Турција во Бугарија нешто по 21 часот. Автобусот удрил во заштитната ограда и се запалил. Во тек е истрага, а како можни причини се наведуваат техничка неисправност на возилото или човечка грешка на возачот.

Содржината продолжува под рекламата

Премиерот Зоран Заев и министрите за здравство и за надворешни работи Венко Филипче и Бујар Османи, заедно со техничкиот шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев, утрово влегоа во болницата „Пирогов“ со цел да разговараат со преживеаните патници од автобусот во кој изгореа 45 патници од Македонија.

„Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија“, изјави Заев за МИА.

Министерот Филипче изјави дека сите седум повредени патници од автобусот во кој загинаа 45 лица, се во стабилна состојба и не се во живото загрозувачка состојба.

„Станува збор за повреди, контузии, еден од повредените има скршеници“, рече Османи кој изрази благодарност до бугарскиот премиер Јанев и до лекарите и целиот тим на болницата во Софија.

Османи, кој рече дека станува збор за огромна трагедија и дека затоа тој, Заев и Филипче веднаш пристигнале на местото на несреќата.

„Голема трагедија, станува збор за 53 граѓани државјани на Северна Македонија што патувале од Истанбул за Скопје. Тоа што го знам е дека над 40 загинале. Информиран сум дека автобусот е сопственост на туристичка агенција од Скопје и мислам дека повеќето граѓани се од Скопје“, изјави Османи.

https://www.facebook.com/nikolay.krastev.12/videos/260124825993530

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: