Добри вести: Нема починат велешанец во последните 24 часа, регистрирани се мал број на нови случаи

Veles noke noemvri

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани вкупно 13 нови случаи на коронавирусот, четири пациенти се оздравени, според епидемиолошки анализи во моментов во Велес бројката на активни случаи изнесува 363.

Zito akcija 640x289px

Направени се 2.939 тестирања, а ширум регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 373 оздравени пациенти од:

Скопје – 165, Прилеп – 36, Битола – 27, Крива Паланка – 15, Куманово – 14, Кочани – 13, Охрид – 11, Кавадарци и Кратово – по 9, Струмица и Неготино – по 8, Демир Хисар – 7, Штип, Ресен и Кичево – по 6, Гевгелија – 5, Велес, Берово и Радовиш – по 4, Тетово, Струга и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (57г, 78г) и по едно починато лице од Делчево (83г),  Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25317/teshka-soobrakajna-nesreka-pochinaa-dve-licza/